«Триста книг из Москвы были переданы в русский центр в Скопье» (на македонском)

Источник: Газета «Вечер Прес»

Библиотеката на Рускиот центар во Скопје се збогати со нови триста наслови, донација на Домот на руското зарубежје “А. Солженцин“ од Москва, наслови кои ќе бидат атрактивни не само за студентите кои го изучуваат рускиот јазик туку и за историчарите и граѓаните кои сакаат подобро да ја запознаат Русија.

„За речиси четири години – од отворањето во јануари 2016 година – Руски центар стана органски дел на културно-опшествениот простор на Северна Македонијa и нејзиниот главен град Скопје, посакувано место за одржување различни настани од интерес за широка јавност. Сите добро знаат дека во просториите на Рускиот центар можете бесплатно да го студирате рускиот јазик, да читате руски книги и периодика, да гледате филмови, да присуствувате на предавања, работилници и уметнички вечери. Овде секој има можност подобро да се запознае со најбогатата литература и култура на многунационална Русија“, посочи меѓу другото рускиот амбасадор во нашата држава Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, на предавањето на донацијата.

Според Велимир Стојковски, директор на Рускиот центар, библиотеката сега брои 3 500 книги, главно од жанрот литература, но и дела кои можат да ги користат и студенти, но и граѓани.

Татјана Иринархова, претставник на Домот на руското зарубежје “А. Солженцин“, пак, посочи дека книгите се збир на она што сега е актуелно во руската литература, поточно издаваштвото.

„Нашиот дом има историја повеќе од две децении и за тоа време стана многу функционален центар кој ги спојува функциите и на архив, музеј, библиотека, кино студио и претставува научно-истражувачки и културно-просветителски центар.  Една од основните задачи на домот, кој има повеќе од 200 изложби, во повеќе од 60 земји, е да го зачува и шири рускиот јазик. Центарот има функција и на музеј и на архив на руската емиграција која денес брои околу 30 милиони луѓе“, вели Иринархова.

Продолжая использовать сайт, Вы даете ГБУК г. Москвы «Дом русского зарубежья им. А. Солженицына», ОГРН 1037739148260, ИНН/КПП 7709181695/770501001, 109240, город Москва, Нижняя Радищевская улица, д. 2 (далее – «Оператор»), согласие на обработку файлов cookies с использованием Яндекс Метрика и пользовательских данных в целях улучшения пользовательского опыта, ведения статистики посещений сайта. Если Вы не хотите, чтобы Ваши вышеперечисленные данные обрабатывались, просим отключить обработку файлов cookies и сбор пользовательских данных в настройках Вашего браузера
Ок